Краток Историјат

 

 Фирмата Електрон-М постои од  2002  година и се занимава со увоз и продажба на автоделови. Поконкретно, делови за анласери и алтернатори, како и комплетни анласери и алтернатори, сензори, пумпи за гориво, сијалици, грејачи, повеќе видови на релиња, бомбини, електронски палења, степмотори, ЕГР вентили, осигурачи и резервни делови за компресори и автоклима.

Асортиманот на делови, кој што се состои од околу 15000 различни делови се за сите видови патнички, комерцијални, товарни возила како и за индустриски и земјоделски возила и машини.

el. palenje

Електрон-М е официјален застапник за повеке реномирани Европски фирми како што се Mobiletron, ERA, TUP, Ghibaudi Mario, ZEN, ZM, CARGO, Fransizkup, General Electric, AS, Hueco и MEGA кои што се водечки производители во Европа за деловите кои што ние ги имаме, а исто така сме застапници и за Bosch, Valeo, Ika, NTN, SKF, INA...

Како официјален застапник на наведените производители за пазарот на РепубликаМакедонија, нашата фирма располага со сопствен канцелариски и магацински простор улица Зеничка бр. 13 во Скопје, кој што може да го посетите или да се јавите секој работен ден од 8.00 до 20.00 часот и сабота од 8.00 до 16.00 часот.

Нашиот тим е обучен, стручен и подготвен да ви помогне за секое прашање и проблем во областа која ја застапуваме.

Исто така вршиме диструбуција како во Скопје, така и низ цела Македонија.